Во вашето претпријатие вие сте експертот. Во областа на сметководството тоа сме ние. И тоа ни причинува задоволство!

Услуги

Сметководствени услуги

Спектарот на услугите кои ги нудиме е дефиниран на тој начин да ги задоволи потребите на нашите клиенти, почнувајќи од основањето па натаму во сите сметководствени сегменти при административните, правните, економските и финансиските аспекти на работење.

Како поважни услуги од областа на сметководството ги издвојуваме следните:

Општи сметководствени услуги

  • Книговодство за трговски, производствени, услужни и останати деловни дејности
  • Финансиски извештаи во склад со IFRS

Плати

  • Пријавување и одјавување на вработени
  • Известувања за плати на надлежните државни служби
  • Подготовка и издавање на исплатни листи

Даноци и царини

  • Пресметка на даночни обврски
  • Oптимализација на даночни плаќања за правни и физички лица
  • Царини
  • Утврдување на трансферни цени според ОЕЦД правила

Консалтинг и други услуги

Под поимот консалтинг услуги се подразбира сеопфатен пристап за решавање на настанатиот деловен проблем кај клиентот. По правило, овие проблеми се од комплексен карактер и за нивно разрешување неопходно е да се изработи детална студија на случајот и анализа на причините кои довеле до тоа, па во согласност со заклучоците, искуството и реалните можности да се пронајде најдобриот исход. Консалтинг услугите кои ви ги нудиме се однесуваат на областа од сметководството и работењето воопшто. Тука сме да ве сослушаме и да дадеме предлози, сугестии, совети и појаснувања во врска со вашето работење, недоумици и моментална ситуација.

Консалтинг услуги

  • Консалтинг за странски инвестиции
  • Економски и финансиски консалтинг
  • Менаџмент консалтинг
  • Надворешно-трговски консалтинг
  • Due Diligence и извештаи

Правен консалтинг

  • Консалтинг за закон за работни односи, толкување на прашањата поврзани со Зaконот за работни односи (одлуки, решенија, правилници, годишни одмори)
  • Дозволи за работа и престој на странски државјани
  • Консалтинг за концепирање на внатрешна организација во фирмата
  • Регистрирање на домашни и странски фирми

Зошто токму ние?

Придобивките за Вас се:

  • Можност за посветување на вашите дневни деловни активности
  • Време за вашата фирма, вашите проекти, вашите идеи
  • Пари, што додатно би можеле да ги заработите
  • Квалитетна и навремена услуга
  • Доверба и сигурност за вас и вашето претпријатие

За Нас

Наша цел, наша визија

Професионално пружање услуги на највисоко ниво од областа на сметководствените работи. Од основањето на нашата фирма па до сега настојуваме секој да ја работи својата работа, Вие да се грижите за Вашите тековни задачи, а нам со доверба да ни го препуштите сметководството.

„Сметководствената услуга“ за нас означува:

  • да се биде независен, самостоен и компетентен партнер за малите и средните претпријатија;
  • да се делува ориентирано кон успех, при што ќе се создаваат што е можно поефикасни економски приливи за клиентите;
  • да се соработува со клиентите на база на меѓусебна доверба, сигурност и апсолутна дискреција;
  • работејќи персонално и индивидуално да се креира најголема вредност.

Контакт

Ул.: Железничка 16 (комплекс Инкубатор)

E-mail: stozak@t-home.mk

Тел: 046/231-480